Борел: Косово и Србија постигнаа договор за анексот за нормализација на односите

Жосеп Борел/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE ARCHAMBAULT /

По 12 часа постигнавме договор како да се имплементира договорот постигнат на 27 февруари помеѓу Србија и Косово. Можам да соопштам дека Косово и Србија се согласија за анексот за имплементација на Договорот, што треба да води кон нормализација на односите помеѓу нив, соопшти вечерва високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел, по завршувањето на трилатералната средба во Охрид.

Како што појасни тој, имплементацијата на договорот значи практични чекори што треба да се направи, кога, кој и како.

Ова, како што рече Борел, доаѓа по долги и тешки преговори.

„Денеска имавме средби во неколку формати со цел да ги надминеме разликите помеѓу страните“, рече Борел.

Борел, како што беше најавено, со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти разговараа за имплементацијата на анексот – составен дел од Договорот на патот кон нормализација на односите.

Во Охрид високиот претставник на ЕУ, заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград – Приштина, Мирослав Лајчак претпладнето имаше најнапред одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

Разговорите во Охрид меѓу високите претставници на ЕУ и на Србија и на Косово траеја речиси 12 часа.

Исходот од средбата во вилата „Билјана“ во Охрид го чекаа повеќе од 200 новинари од земјава, од Косово, од Србија и други странски известувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот