Бомба протекуша

Фото: Слободен печат

Срѓан Ивановиќ

Бомбите најчесто пукаат, но во време на валкана кампања тие знаат и да протечат.
Тука не мислам дека поради некаква неисправност или доспеаност на материјалот протекол нитро-глицеринот од динамитот или зрната од „кашикарата“, туку тече по руска социјална мрежа.

Тоа што е руска мрежата е најмалку битната информација и тоа може да биде важно само за продавачите на ветер и магла, кои заработуваат на ширење страв од кремљско влијание, но битното се состои во тоа што т.н. „бомби“ се всушност доказен материјал кој се чува во специјалното јавно обвинителство.
Медиумите шпекулираат дека овие „бомби протекуши“ се дело на луѓе блиски на опозицијата(?), а и потсетуваат дека со нивното објавување се врши кривично дело.

Ова течење на 24 часа од молкот е крајно симптоматично и само наивен би помислил дека не е планирано од поодамна, како финиш на предизборната кампања на претседателските избори.
Точно е дека Македонија видела и далеку поцрни кампањи, но кога таман помислив дека може да имаме избори кои барем малку ќе бидат достоинствени и цивилизирани протекоа бомби.

Инаку тоа што ќе дознаеме уште по некоја пикантерија за „длабокото грло“ на власта(поранешната во корелација со поединци од денешната) воопшто не ми пречи. Се разбира треба да им пречи на државните органи, чии претставници со засипнато грло и само со помош на „ангал“ и „стрепсилс“ ги допеваат стиховите на партиските химни, повикувајќи го народот да излезе на избори.

Тешко дека бомбите ќе имаат ефект на „сачекуша“ на неделниот избор, но овие бомби „протекуши“ сериозно би требале некого да загрижат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот