Болните од канцер и мајките со деца стануваат приоритет на Министерството за здравство

Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска имаше средба со претставници на повеќе граѓански здруженија – ЕСЕ, ХЕРА, „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари“ и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни”.

-Ја зајакнуваме соработката на Министерството и граѓанските здруженија, со посебен фокус на примарната здравствена заштита и превенција. Целта е превентивните и куративните програми на Министерството да ги опфатат и поспецифичните потреби на ранливите категории граѓани, како што се лицата со малигни заболувања, активната здравствена заштита на мајки и деца и други актуелни теми за заштита на ранливите категории граѓани, истакна министерот Меџити на средбата.

Заедничката соработка е во насока на унапредување на процесот на консултација со граѓанскиот сектор, особено со засегнатите целни групи при планирање и подготовка на програмите, активно вклучување на граѓански организации во испорачувањето услуги за ранливи групи граѓани, како и поголема проактивност на здруженијата во мониторинг на потребите на овие лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот