Богоевски: Одговорност се поднесува гордо, а не со бегство во друга држава

павле богоевски
Фото: Павле Богоевски/ Драган Митрески

– Вредностите се над функција сега и секогаш одговорност се поднесува гордо, а не со бегство во друга држава – рече пратеникот Павле Богоевски кој поднесе оставка од пратеничката функција денеска, а собранието ја констатираше.

– Не би сакал мојата функција да биде пречка за постапкаата што би се видела против мене. Не оди пратеник кој се залагал за правда да стори некое дејство и да остане на функција.Со повлекувањето сакав да упатам порака дека вредностите на Шарената револуција се живи и никој не може да ги помести – вели Богоевски.

– Збогум Никола бидејќи во оваа држава ќе бидеш добредојден само во затвор и ќе се вратиш со лисици на раце –  порача Богоевски.

На ова реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој рече дека Павле Богоевски лечи фрустрации.

– Таа омраза и фрустрации кон ВМРО-ДПМНЕ оневозможуваат да ги остварувате ветувањата кон граѓаните – рече Мицевски.

Портпаролот на СДСМ, Јован Митрески, објасни дека парламентарното мнозинство ја констатирале оставката на Груевски бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за одземање на неговиот мандат поради што и неможело да се обезбеди одземање на неговиот мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот