Богдановиќ израмни светски рекорд и го надмина легендарниот Дражен Петровиќ

фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Српскиот кошаркарски репрезентативец, Богдан Богдановиќ е еден од најзаслужните за пласманот на неговата селекција во полуфиналето на Светското првенство кое е во тек. Избраниците на селекторот Светислав Пешиќ во четвртфиналната фаза на Мундобаскет 2023 успеаја убедливо да ја елиминираат Литванија.

Српскиот репрезентативец Богдановиќ блеска кога е најпотребно, а во мечот против Литванците испиша историја на светскиот шампионат.

Членот на Атланта хокс стана единствениот играч кој погоди барем по една тројка на 23-те натпревари кои ги одигра до сега во кариерата на светските првенства.

На овој начин Богдановиќ го израмни рекордот на Кирк Пени од Нов Зеланд во последните 30 години. На последното СП во Кина 2019, во четвртфиналето застана против Србија, иако беше и најдобар стрелец на турнирот.

Воедно капитенот на Србија го престигна легендарниот Дражен Петровиќ, поранешниот југословенски и хрватски репрезентативец до денеска беше на 17-та позиција на „вечната“ листа на стрелци на СП, а сега тоа е Богдан со 404 поени.

Богдановиќ е само шести кошаркар во 21 век со повеќе од 400 поени и 20-ти стрелец на сите времиња на светските првенства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот