Богатите земји ја финализираа помошта од 100 милијарди долари за земјите во развој во борбата против климатските промени

климатски промени
Протест против климатските промени / Фото: Pexels / Markus Spiske

Богатите земји го финализираа задоцнето ветување за доделување финансии за справувањето со климатските промени во износ од 100 милијарди долари за земјите во развој и формираа фонд за биолошка разновидност и заштита на шумите, истакна денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој говореше на завршниот панел на Самитот во Париз, каде четириесетина лидери – меѓу кои дваесетина од Африка, кинескиот премиер и претседателот на Бразил – дадоа поттик за новиот глобален финансиски план.

Целта на Самитот беше да се зајакне кризното финансирање за сиромашните земји и да се олесни нивниот долг, да се реформираат повоените финансиски системи и да се ослободат средства за справување со последиците од климатските промени преку постигнување консензус на највисоко ниво за тоа како да се промовираат бројни иницијативи во телата, како што се Г20, ММФ, Светска банка, ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот