Бочварски: За успешен железнички сообраќај, потребна е либерализација на пазарот

Благој Бочварски / Фото: МИА

Ако сакаме да имаме успешен патнички и товарен сообраќај, успешно претпријатие во делот на железниците, мораме да направиме либерализација на железничкиот сообраќај во државата, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска од собраниската говорница, одговарајќи на прашањето зошто се укинуваат железнички линии, поставено од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска.

-Зошто го велам ова? Не заради тоа што ова е барање на Европската унија и како еден отворен либерализиран пазар треба да ги отвориме границите да можат да оперираат и други оператори, а не само домашниот оператор. Туку заради тоа што со тој чин и на тој начин, ние ќе овозможиме подобри услуги спрема граѓаните. На 20 јуни годинава, Владата ги усвои измените на Законот за железнички систем во кој што се опфаќа либерализацијата. Од 20 јуни до денеска помина месеци во кои Собранието уште се нема произнесено да ги усвои тие измени. И денеска ќе можеше на таа пруга да оперираат не само македонски железници и транспорт, туку и други оператори доколку појавија интерес. Но, Законот стои овде. Ве повикувам уште еднаш како Собрание, заради тоа што работиме за интересот на граѓаните секој да ја врши својата задача за која што е избран, рече Бочварски, додавајќи дека за да имаме развиен железнички систем и поразвиена дејност мора да работиме на три аспекти, основи од кои една од нив е оваа законска измена.

Според Бочварски, првиот основ е да ја развиеме нашата инфраструктура или мрежата која што ја имаме во државата. Вториот аспект е преструктуирање на претпријатието Македонски Железници Транспорт кое, како што рече, не работи добро во изминатите години наназад.

-Тоа е факт и не можеме да замижеме пред тој факт. Се додека не се направи преструктуирање на одреден начин на кој што преку изработена квалитетна и стручна студија, ќе се даде најдоброто решение и како Влада или Собрание ќе се донесат најдобрите одлуки за Македонски Железници. Се до тогаш вака ќе кубури претпријатието и како да го одржиме во живот, рече министерот Бочварски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот