Бобан Бабунски повторно во ФК Вардар

Фото: Фото: ФК ПОБЕДА - официјална група Official Facebook fan page of FC Pobeda Prilep

Старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона означи и школата на ФК Вардар, која вчера на теренот во Аеродром го имаше својот прв собир, на кој беа претставени луѓето кои ќе раководат со младинската школа, како и тренерите кои ќе работат со генерациите на Вардар.

За нов координатор на школата е назначен Бобан Бабунски, за кој ова е враќање во клубот, додека Пепи Ѓоргиевски ќе има функција на скаут во школата, како и заменик координатор.

Познати се и тренерите кои ќе бидат задолжени за работа со младите екипи.

*Трајче Стојковски -генерација 2005 ( младинци)

*Mарјан Герасимовски -генерациија 2006 ( кадети)

*Марко Ѓорѓевиќ и Димо Мушу – генерација 2007 ( пионери)

*Влатко Колев – генерација 2008 ( помлади пионери)

*Илија Колевски – генерација 2009  ( повозрасни петлиња)

*Зоки Тасески – генерација 2010    ( помлади петлиња)

*Сашо Тодоровски – генерација 2011/2012/13 ( петлиња)

*Марко Ѓорѓевиќ – генерација 2014/15  ( петлиња)

*За работа со младите голмани ќе бидат задолжени Слободан Мутибариќ и Бојан Димковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот