Бобан Бабунски повеќе не е тренер на Победа

Фото: Фото: ФК ПОБЕДА - официјална група Official Facebook fan page of FC Pobeda Prilep

Екипата на Победа својата есенска полусезона после враќањето во Првата лига ќе ја заврши без својот стратег Бобан Бабунски кој си замина од клубот.

Бабунски летово пристигна во Победа со големи амбиции и со прилепскиот тим знаеше да прави проблеми екипите од врвот на табелата. Но така беше се до почетокот на финансиската криза која донесе и штрајк на фудбалерите, а сето тоа се одрази и на резултатите.

Против Брегалница во Штип Победа ќе биде предводена од некој од помошниците на Бабунски, а во текот на зимото припелскиот клуб ќе треба да пронајде друго решение. Сепак, прво ќе треба да се средат финансиските проблеми.

Во овој момент Победа е претпоследна на табелата во Првата лига со 12 освоени бода, само два повеќе од последнопласираниот Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот