Блокиран патот Косовска Митровица – Рашка

Косово барикади/ Фото: STRINGER / AFP / Profimedia

Возачите на камиони со српски регистарски таблички, кои веќе неколку дена стојат на преминот Јариње поради одлуката на Приштина да го блокира влезот на стоки од Србија во Косово, одлучија вечерва да го блокираат патот Косовска Митровица – Рашка, јавија белградските медиуми.

Во местото Рударе кај Куршумлија, возачи на камиони и локални жители го блокираа главниот пат што води од Прокупље до преминот Мердаре.

Патот е блокиран за камиони со косовски таблички како одговор на мерката на владата во Приштина која неколку дена го суспендираше влезот на српски стоки и камиони со регистерски таблички на Република Србија во Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот