Блокиран центарот на Софија, вработени во МВР бараат повисоки плати

Протест во Софија/ Фото: МИА-БТА

Вработени во бугарското Министерство за внатрешни работи попладнево го блокирале центарот на Софија и штрајкувале со барање за зголемување на платите за 10 отсто.

Претходно, како што објави МИА, вработените се собрале пред Министерството за финансии каде демонстрантите фрлаа парички пред влезот во зградата.

Организатор на протестот е Синдикалниот сојуз на вработените во Министерството за внатрешни работи. Демонстрантите од пред Владата се упатиле и пред Парламентот.

– Вработените во Министерството за внатрешни работи лани добиле покачување на платите за 20 отсто, па годинава нема да добијат покачување – изјави пред една недела министерот за финансии Асен Василев.

Демонстрантите пак му возвратија со изјава дека Василев заборава дека тие 20 отсто не биле зголемување туку надоместок за тоа што 34 државни администрации добиле покачување на платите и до 30 проценти за учество во борбата против ковид-19, а МВР не било на тој список.

Од Синдикатот изјавија дека очекуваат нивните барања да бидат изгласани на второто читање на законот за државниот буџет на Бугарија за оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот