Блинкен: Одлуката на косовската влада да присили пристап до општините ги ескалира тензиите

Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/MIKA SAVOLAINEN

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е неопходно Косово и Србија повторно да се посветат на дијалогот што го води ЕУ, за да се нормализираат односите.
Според соопштението на Стејт департментот, Блинкен ги повикал двете страни да преземат итни мерки за деескалација на тензиите.

„САД го осудуваат вчерашното неприфатливо насилство врз трупите на КФОР предводени од НАТО, органите на редот и новинарите“, рече Блинкен.

Тој додаде дека одлуката на Владата на Косово да присили пристап до општинските згради е сурова и непотребно ги зголемува тензиите.

„Премиерот Курти и неговата влада треба да се погрижат избраните градоначалници да ги извршуваат своите привремени должности од алтернативни локации надвор од општинските згради и да ги повлечат полициските сили. Во меѓувреме, претседателот Вучиќ и Владата на Србија мора да го намалат безбедносниот статус на српските вооружени сили и да апелираат до Косово Србите да престанат да ја предизвикуваат Кфора и да се воздржат од натамошно насилство“, рече Блинкен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот