Блинкен: Израел сè уште не го кажал САД датумот на инвазијата врз Рафах

Ентони Блинкен во Давос / Фото EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Државниот секретар на САД Антони Блинкен рече дека Израел сè уште не им го кажал на САД датумот на нивната најавена инвазија на Рафах, но дека очекува администрацијата на Бајден следната недела повторно да ги види „израелските колеги“ за дискусии по ова прашање.

„Претседателот беше многу јасен за нашата загриженост, нашата длабока загриженост за способноста на Израел да ги однесе цивилите надвор од опасност, да се грижи за нив штом ќе бидат надвор од опасност и да има каква било голема воена операција што не прави вистинска штета за цивилите, за децата, за жените, за мажите“, рече Блинкен за време на прес-конференцијата во Стејт департментот заедно со министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Камерон во Вашингтон.

Кога станува збор за тајмингот на можна операција во Рафах, Блинкен рече дека не очекува да се преземат какви било активности пред американските разговори со Израел за Рафах следната недела.

Блинкен рече дека САД разговараат со Израел за алтернативи за упад во јужниот град Газа што би било поефективно во „ешавање на проблем што треба да се реши, но тоа да го прават на начин што не ги загрозува невините цивили.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека е одреден датумот за инвазија во Рафах, но не го откри точниот датум.

Во врска со помошта што влегува во енклавата, Блинкен рече дека 400 камиони со помош биле пуштени да влезат во Газа вчера што е најголем број на камиони од почетокот на војната од 7 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот