Благ пораст на дневната температура, во викендот намалување за неколку степени

Фото: Архива на „Слободен печат“

Времето е умерено облачно, на места и повремено значително облачно со услови за локален слаб дожд. Во текот на денов ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека и во Скопје е умерено облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец и со температура до 24 степени.

Според УХМР, следува период на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој во деновите од викендот ќе
предизвика намалување на температурата за неколку степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот