Бизарен случај во Италија, на жена ѝ отстраниле тумор потежок од неа

хирург операција
Фото: Профимедиа

Млада Италијанка е успешно оперирана од тумор во абдоменот тежок 70 килограми, соопшти денеска болницата Молинет во Торино.

Туморот, кој бил резултат на рак на јајниците, го опструирал стомакот на жената и го спречувал нормалното дишење, бидејќи притискал врз нејзините бели дробови.

„Нема преседан во медицинската литература за тумор со таква тежина. Тежеше повеќе од самата пациентка“, соопштија од болницата.

Младата жена пред неколку недели била примена на итната медицинска помош во тешка состојба. Веднаш била интубирана и ставена на вентилатор. Хирурзите прво исцедиле 52 литри течност, а потоа го отстраниле самиот тумор кој тежел 25 килограми.

Пациентката брзо закрепнала и по четири дена била префрлена од одделението за интензивна нега на одделението за диететика и исхрана. Во меѓувреме се вратила дома, соопштиле надлежните, според тамошните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот