Битолски бизнисмен се заканувал дека ќе ги убие советниците на Општината

Габриела Илиевска
Габриела Илиевска, претседавач на Совет на општина Битола / Утринки брифинг

Синоќа на битолски Широк Сокак, познат битолски бизнисмен упатил закани по живот кон претседателката на Советот на Битола, Габриела Илиевска и десеттина други битолки советници, кои седнале да вечераат по одржаната седница каде беше изгласан буџетот на Општина Битола, пренесува порталот „Независен“.

Бизнисменот наводно дошол со уште тројца други мажи, за кои некои велат дека всушност се негови синови, и упатиле вербални закани кон Илиевска и советниците. Персоналот од и гостите во ресторанот останеле вчудоневидени од неговото однесување.

Илиевска во разговор со „Независен“ потврди дека таа и останатите советници добиле закани, по што повикале полиција да ги извлече од ресторанот.

„Бевме присутни над десет советници на вечера, се појавија 4 лица од кои тројца ни беа познати и едно непознато. Упатија вербални закани, животозагрозувачки кон сите во просторијата. Заминаа и по неколку минути побаравме сметка и ние да заминеме бидејќи беше непријатна ситуација за сите, но вработената ни кажа дека не чекаат долу на првиот спрат и дека не ќе можеме да излеземе. Викале дека ќе нѐ убијат. Јас повикав полиција, па дел од советниците беа извлечени кога дојде полицијата зошто сите бевме загрозени. Се врати полицијата и ние останатите да заминеме, но напаѓачите се вратија во просторијата и упатија уште поголеми закани ко нас. Побарајте информација и од полиција“, изјави Илиевска за порталот.

МВР подоцна излезе со соопштение за настанот.

На 28.12.2022 во 21,20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги приведиле А.Т.(48), А.Т.(26) и М.Т.(27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Совет на општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив. Тие, исто така, се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот