Битолчанец и се заканувал и ја тепал сопругата

Фото: Profimedia

Според обвинителниот акт, во периодот од 18 ноември до 1 декември лани осум пати, сега обвинетиот и се заканувал на сопругата, а и ја загрозил и сигурноста.

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен акт против 31-годишен жител на Битола кој е обвинет за загрозување на сигурноста, за неизвршување судска одлука и за кривично дело телесна повреда.

Според обвинителниот акт, во периодот од 18 ноември до 1 декември лани осум пати, сега обвинетиот и се заканувал на сопругата, а и ја загрозил и сигурноста.

Обвинетиот продолжил да ја пресретнува и да и се заканува на оштетената иако со правосилното решение на Основниот суд Битола од 20.11.2019 година му биле изречени привремени мерки на заштита и тоа забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство кон оштетената, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира, контактира и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метра до работното место на оштетената.

Притоа, на 28 ноември лани ја пресретнал оштетената, и го одзел мобилниот телефон, ја удрил со шлаканици и клоци и започнал да ја трга за раката. Оштетената паднала на земја и се здобила со набиеници на лицето, левата рака и телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот