Битиќи: Ако ние бидеме на власт, струјата ќе се субвенционира и по 30 јуни

Фатмир Битиќи - вицепремиер / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Владата има донесено одлука за субвенционирање на електричната енергија за домаќинствата до 30 јуни. Со последната одлука процентот за сунбенционирање е намален од поранешните 91,5 проценти на 84 проценти, а образложението е дека сега нема потреба од толкаво субвенционирање.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи на новинарско прашање денеска потенцираше дека одлуката за субвенционирана струја е до 30 јуни.

– Не е точно дека субвенциите ќе се укинат од 1 јули. Има одлука за до 30-ти јуни оваа година, а секако следната влада која ќе биде предводена од Социјалдемократскиот сојуз прави одлуки во корист на граѓаните, а таква е и за субвенционирање на струјата. Ако дојде друга Влада, тогаш прашајте ја нејзе – рече Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот