Бисера Велетаниќ, Никола Ристановски, Калиопи ќе пеат во чест на Зафир Хаџиманов

Фото: Промо

Продукција „Авалон“ го најави последниот настан од проектот „Месец на 30 години ‘Авалон’ продукција“ – концерт во чест на големиот Зафир Хаџиманов.

„Да бидеме реални, Македонија нема многу легенди како Зафир Хаџиманов, признати регионално и пошироко. Зафир нѐ напушти некако тивко, во едно лошо време, во време на короната и до ден-денес тоа воопшто и на ниту еден начин не се одбележа во неговата матична земја, Македонија.

Токму тоа нѐ натера, во склоп на програмата ’30 години Авалон Продукција’ да му го предложиме овој проект на неговиот син, успешниот и квалитетен музичар Васил Хаџиманов, кој тој со задоволство го прифати“, велат од „Авалон“.

Фото: Промо

Концертот во чест на Зафир Хаџиманов ќе се одржи на 17 декември, во Македонската филхармонија.

Од „Авалон“ најавија многубројни гости, музичари и уметници – Васил Хаџиманов бенд, Бисера Велетанлиќ, Калиопи, Коле Ангеловски, Никола Ристановски, Сашо Гигов – Гиш, Марта Хаџиманов и Виктор Тумбас.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок (24 ноември), во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на „ticketx“ низ Македонија по следните цени: 1.500 денари и 2.000 денари – ВИП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот