Билка што е лек за многу болести: Со оригано уништете ги бактериите во дигестивниот систем

Ориганото е зачинска билка, која во последно време сѐ повеќе се користи во подготовката на голем број јадења. Без овој зачин, вкусот на пиците, тестенините и панцеротите не е ист.

И со право, ориганото ги освојува истенчените вкусови и на најпребирливите сладокусци. Така, покрај тоа што ќе би даде неодолив шмек на храната, ќе помогне и во решавање одредени здравствени проблеми со кои се соочувате.

Листовите од ориганото, независно од тоа дали се свежи или суви, се користат уште од античко време, но општиот впечаток е дека луѓето малку знаат за неговите лековити моќи.

Во неговиот состав има танин, феноли, витамин А, витамин К и минерали.

Многубројни истражувања околу лековитите својства што ги има ова лековито растение покажале дека ориганото е еден од најсилните и најмоќни природни антиоксиданти и антибиотици. Тоа исто така е и одличен избор на омега-3 масни киселини, а докажано е и дека многу успешно помага во намалувањето на триглицеридите и маснотиите во крвта, истовремено ја спречува и можноста за појава на голем број бактерии во дигестивниот систем, како што е на пример една од најчесто распространетите ешерихија коли.

Маслото од оригано, пак, важи за едно од најефикасните природни средства што спречуваат појава на салмонела и листерија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот