Би-Би-Си се извини откако објави дека израелските војници во болницата Ал-Шифа за свои цели земале медицински персонал

Болница во Газа / Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Би-Би-Си денеска јавно им се извини на гледачите откако нејзина водителка тврдеше дека израелските војници, за време на утринската операција во болницата Ал-Шифа, во Газа, за свои цели земале медицински персонал и лица кои го говореле арапскиот јазик.

„Ова беше неточно и погрешно беше цитиран извештајот на Ројтерс. Тоа што требаше да го кажеме е дека силите на ИДФ во оваа операција вклучија и медицински персонал и лица кои говорат арапски јазик“, соопшти подоцна британската телевизија.

„Се извинуваме за оваа грешка, која беше под нашите вообичаени уредувачки стандарди. Точната верзија на настанот беше емитувана неколку минути подоцна“, соопшти Би-Би-Си.

Телевизиската компанија се најде под салва од критики поради известувањето за војната меѓу Израел и терористичката организација Хамас.

Извинувањето пристигна откако еврејските лидери го критикуваа радиодифузерот. Низ социјалните мрежи се прошири снимка во која новинарката цитира извештај од агенцијата Ројтерс. Новинарката кажува дека израелската армија потврдила дека ќе изврши „прецизна и насочена операција“ против терористичката група Хамас во болницата Ал-Шифа во Газа.

„Од Ројтерс слушнавме како Израел вели дека неговите сили спроведуваат операција против Хамас во болницата Ал-Шифа во Газа и за цел имаат луѓе, вклучувајќи и медицински тимови, како и лица кои говорат арапски јазик. Тие, исто така, велат дека Израел ги повикува сите оперативци на Хамас во болницата веднаш да се предадат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот