Без струја утре делови од Гази Баба, Сарај и Сопиште

Далновод / Фото: EPA

 Во текот на утрешниот ден без струја ќе останат делови од општините Гази Баба, Сарај и Сопиште.

Како што информираат од РЦУК Скопје, ќе има прекин во снабдувањето со струја  во периодот од 08.55 до 11 часот кај корисниците од улиците бр.5, 7, 8, 10, 13, 14 и 15, како и ул. Јурумлери во населба Јурумлери Општина Гази Баба, а во периодот од 9 до 11 часот, дел од корисниците од село Семениште, во Општина Сарај во периодот од 09 до 12 часот, корисниците од бул. Јане Сандански бр.17, 19 и 21 во Аеродром.

Утре од 09 до 13 часот струја ќе немаат дел од корисниците од ул.20 во село Сарај, во периодот од 9 до 14 часот, дел од корисниците од село Долно Соње – корисниците лоцирани кон Брзовец- Сопиште , како и дел од корисниците од село Глумово лоцирани кај џамијата во Сарај, стои во соопштението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот