Без договор заврши втората средба на УПОЗ со Владата

Протест на УПОЗ/фото: фејсбук-страница на УПОЗ

Без договор заврши втората средба меѓу Синдикатот на УПОЗ и Владата за барањата на вработените во судската и јавнообвинителската служба. До петок или следната недела треба да се одржи уште една средба.

На денешната средба, како што изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски, не добиле конкретен предлог од Владата.

„Волја има, Владата мисли дека ќе се изнајде решение за овој проблем, но конкретна понуда за нашите барања се уште немаме добиени“, рече Деаноски.

Од Синдикатот на УПОЗ се надеваат дека ќе се најде некоја, како што велат, златна средина, околу нивните барања.

По неколкунеделни протести на вработените во судската администрација, минатата недела Синдикатот на УПОЗ и Владата седнаа на разговори со цел да се изнајде заедничко прифатливо решение за нивните барања за 78 проценти зголемување на платите и исплата на додатоците за плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот