Белград на вода држи рекорд – над 2,6 милиони евра за стан од 383 квадрати

Сплавови Белград/ Фото: Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

Според склучените купопродажни договори, најскапи квадрати во Србија и понатаму се оние во Белград на вода. Во првиот квартал од годинава најскапиот квадрат во цела држава е продаден во оваа населба за 11.474 евра.

Сепак, како што е наведено во штотуку објавениот извештај на Републичкиот геодетски завод, „не сите станови на локацијата Белград на вода се во категоријата најскапи“ – најниската цена за која е продаден стан во квадратен метар во оваа локација била – 3.264 евра.

Станот за кој се издвоени најмногу пари во првиот квартал од 2023 година е стан во нова зграда во вредност од 2.601.888 евра, со површина од 383 метри квадратни и се наоѓа на локацијата Белград на вода, се вели во извештајот на РГЗ, објави Каматица. Најскапиот стан во Србија и понатаму е во Белград на вода – 9.500 евра.

Куќите на пазарот на недвижности можат да достигнат висока цена, особено во општината Савски венац во Белград, во која е вклучена и елитната населба Дедиње. Токму во оваа општина во првиот квартал од годинава е продадена куќа по цена од 1.575.000 евра. Гаражите се уште имаат цена, па најскапата гаража се смени за 58.400 евра и се наоѓа во Белград на вода.

Пазарот на недвижности во Република Србија во првиот квартал од 2023 година забележа стабилизација, оцени Републичкиот геодетски завод во извештајот за движењето на пазарот на недвижности за првиот квартал. Градот Белград забележал и најголем број купопродажни договори – вкупно 6.924.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот