Бектеши уверува дека треба да бидеме спокојни за цената на струјата

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата 24 анализа изјави сите граѓани да бидат мирни и спокојни за цената на струјата и дека Владата се грижи.

Тој посочи дека ќе има 24 часа снабдување со електрична енергија и редовно снабдување со топлинска енергија во Скопје до крајот на грејната сезона.

Но, Бектеши рече дека Владата планира да го данокот на додадена вредност на струјата од сегашните 5 на 10 отсто. Повластената стапка од 5 отсто, како што рече министерот, била дел од владините мерки за справување со енергетската криза.

„Согласно новите пресметки има простор ДДВ за струјата да се врати на 10 проценти, а да нема импакт на цената на електрична енергија и за домаќинствата и за малите потрошувачи и сите тие коишто се снабдуваат со електрична енергија на регулираниот пазар“, рече Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот