Бектеши: Ако има препораки, енергетската кризна состојба ќе продолжи и по 30 април

Без струја
Струја / Фото: МИА

Кризната состојба беше објавена на 1 октомври 2022 година поради недостигот на струја и состојбата на пазарот на електрична енергија, како и недостигот на топлинска енергија, можноста за користење алтернативно гориво и состојбата на пазарот

Евентуалниот крај или продолжување на енергетската состојба, ќе зависи од препораките на чинителите од енергетскиот сектор до Владата, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши. Тој најави дискусија на темата за денес во Владата. Кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија низ државата и топлинска енергија во Скопје завршува на 30 април годинава. Кризната состојба беше објавена на 1 октомври 2022 година поради недостигот на струја и состојбата на пазарот на електрична енергија, како и недостигот на топлинска енергија, можноста за користење алтернативно гориво и состојбата на пазарот.

-Денес имаме средба со енергетските експерти и ќе разговараме на темата. Дали ќе имаме енергетска кризна состојба по 30 април ќе зависи од нивните препораки – рече Бектеши.

Во ноември 2021 година, во земјава за првпат беше прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија за да може државата да интервенира од буџетот за зголемување на ликвидноста на енергетските компании за производство и пренос на електрична енергија, ЕСМ и МЕПСО и да увезува струја во случај на евентуални хаварии во електрани. Владата на поранешниот премиер Зоран Заев на 9 ноември 2021 година прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во траење од 30 дена, по што со одлука на Собранието беше продолжена до 9 јуни 2022 година „поради недостиг на струја и состојба на пазарот на електрична енергија“.

Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба до 30 април 2023 година беше утврдена на владина седница на 13 септември 2022 година, а почна да се применува од 1 октомври 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот