Беким Мурати од ДУИ е разрешен од функцијата директор на Агенцијата за вработување, на негово место поставен Ведат Османи од партијата на Хоџа

Фото: МИА

Беким Мурати од Демократската унија за интеграција е разрешен од функцијата директор на Агенцијата за вработување. На местото на Мурати, нов директор ќе биде Ведат Османи, потврди за МИА претседателот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа, чиј кадар е Османи.

Мурати преку својот Фејсбук профил вчера информираше за неговото разрешување.

„Почитувани, денеска ја завршив мојата должност како директор на Агенцијата за вработување. Во 2021 година, кога ја добив довербата да ја водам оваа институција, симболична беше застапеноста на Албанците, денес оваа институција со најголема одговорност можам да кажам располага со квалитетни кадри на водечки позиции, но и амбициозни, квалитетни млади луѓе кои можат да одговорат на предизвиците на времето“, напиша Мурати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот