„Беа седум, а јас сакав да имам 100 момчиња“: Шокантна исповед на Сузана Манчиќ

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Српската водителка и најпознатата поранешна лото девојка Сузана Манчиќ призна дека сакала да има „100 момчиња“, а кога татко ѝ го нашол списокот, настанал хаос. Таа се присетила и на првиот бакнеж, кој не ѝ останал во најубаво сеќавање.

Фото: Инстаграм

„Таква беше мојата судбина, секогаш метеж пред голот. Кога бев многу млада, замислував дали ќе имам 100 мажи во мојот живот. Не верувам дека имав баш 100, но татко ми го најде тој блок. Таму имав напишано седум момчиња. Тоа беа оние први симпатии. Кога татко ми го најде тој блок и ми удри шлаканица, веќе престанав да размислувам за бројот. Тогаш бев тинејџерка, можеби имав најмногу 14 години. Во таа тетратка напишав само кој ми се допаѓал, што можеше да биде со некој кога имав 14 години? Имаше по некој бакнеж“, рекла Сузана.

Сузана Манчиќ ги раскажала и деталите од првиот бакнеж, кој не ѝ останал во најубаво сеќавање.

„Интересно е што побегнав од првиот бакнеж, се исплашив, а бев толку вљубена во тој тип. Се сеќавам дека беше ден, бидејќи не можев да се гледаме навечер, а тој, висок, русокос, убав, малку постар од мене и ме прегрна, па шетавме. Се наведна накај мене, гледам ќе ме бакне и мене низ глава ми прелета што ќе ми каже татко ми, па побегнав од момчето“.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Инаку, Сузана Манчиќ ужива во среќен брак со грчкиот бизнисмен Симеон Оцомокос, а љубовта ја крунисаа во 2018 година, поради што водителката живее на релација Белград – Атина.

Ова е втор брак на водителката, бидејќи претходно беше во брак со Небојша Куниќ, со кој има две ќерки, пишува српски „Информер“.

Сузана Манчиќ: Бев најмногу платена во историјата на српското издание на Плејбој

ФОТО | Изгледа одлично на 66 години: Сузана Манчиќ позира во костим за капење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот