ФОТО | Изгледа одлично на 66 години: Сузана Манчиќ позира во костим за капење

Фото: Instagram/ suzanamancicofficial

Водителката и актерка Сузана Манчиќ (66), добро позната и како лото девојката во поранешна Југославија, се пофали со својот изглед во костим за капење.

Додека ужива во летниот одмор, таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира во бело-син костим за капење, со која воодушеви многубројни следбеници.

Фото: Instagram/ suzanamancicofficial

„Драги жени, морам да се пофалам, не е идеално, но презадоволна сум од состојбата на телото и кожата! Ова е трудот и работата што ја започнав минатата година со третмани со ендосфера. Бев упорна“, напиша Манчиќ покрај фотографијата.

Фото: Instagram/ suzanamancicofficial

Нејзините следбеници беа воодушевени од витката линија, па споделија комплименти за нејзиниот изглед.

„Изгледаш фантастично за твојата возраст, а гледам дека не ја симнуваш насмевката од твоето лице“, „Зборовите се излишни за твојата убавина“, „Најважно е да се работи на себе и се гледа дека држиш до себе “, беа само дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот