Баскет Кам втора година по ред триумфира во кошаркарскиот Куп

фото: КФСМ

Кошаркарките на Баскет Кам втора година по ред  триумфираат во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ и втор пат до трофејот доаѓаат преку ист тим. Во дуелот на двете најдобри екипи во Македонија, Баскет Кам по продолжението од пет минути со 64:61 го совлада Бадел 1862.

Натпреварот беше решен во последните секунди, а заслугите одат на сметка на Алексиќ која со двете релизирани слободни фрлања го постави конечниот резултат и му го донесе вториот трофеј во Купот на тимот од Македонска Каменица.

Првата четвртина им припадна на кошаркарките на Бадел 1862 со 19:13. Баскет Кам втората четвртина ја започна со серија 7:0 за водство од 20:19, но не застана тука и со одлична игра во нападот, дојдоа до предност од осум поени (33:25) во 18. минута од финалето. „Баделки“ вратија со пет поени во серија за 33:30.

Баскет Кам во третата четвртина ја задржа предноста од девет поени (49:40), а одговорот на Бадел 1862 дојде во последната четвртина. „Баделки направија серија од 0:10 и поведоа со 49:50 и го однесоа натпреварот во неизвесна завршница. Стојановска на 24 секунди до крајот израмни 58:58  , а во последниот напад Јелена Антиќ беше непрецизна за три поени и натпреварот отиде во дополнителни пет минути.

Во петте минути, доминираше играта во одбраната беапстигнати само девет поени од двете екипи. Клучните поени ги даде Алексиќ на 12. секунди до крајот на натпреварот. Во последниот Стојановска не успеа со тројка да донесе ново израмнување што значеше втора титула по ред за Баскет Кам.
Пуљизовиќ со 23 поени и 18 скока беше најдобра кај Баскет Кам, Алексиќ оствари учинок од 15 поени и 8 асистенции, додека Тасевска даде 10 поени. Кај Бадел 1862 Стојановска беше прво име со 22 поени и 7 скока, додека Трајчевска оствари дабл-дабл од 16 поени и 14 скока.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот