Баша: Штетата за Албанија од меѓународните арбитражи е 450 милиони евра

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша објави, како што наведува, дел од неуспесите на владата на премиерот Еди Рама во последните осум години владеење.

Според Баша, еден од нив е износот на средства што треба да се исплатат на изгубени случаи на арбитражниот суд, поради што албанските даночни обврзници ризикуваат да платат 450 милиони евра.

– Која е сумата што албанските даночни обврзници ризикуваат да ја платат на меѓународните арбитражи? – Одговорот е 450 милиони евра. Потенцијалната штета од арбитражите е 450 милиони евра, напиша Баша на социјалните мрежи.

Последователен неуспех на владата на Рама, додава Баша, е безнадежноста на младите кои масовно ја напуштаат земјата, посебно посочувајќи го податокот дека 94 отсто од младите кои студираат надвор од земјата не сакаат да се вратат во Албанија.

– Колкав е процентот на млади луѓе кои студираат во странство и не сакаат да се вратат во Албанија? – Одговорот е 94 проценти. Одливот на мозоци е голема загриженост, бидејќи земјата ја губи највиталната сила на општеството и економијата, напиша Баша.

Тој уште и со обвинување дека Албанија има најниска минимална плата во Европа, што го „потврдува и Евростат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот