Барселона го губи здивот, титулата на пат кон Мадрид (ВИДЕО)

EPA-EFE/LAVANDEIRA JR

Фудбалерите на Барселона одиграа само 2:2 на гостувањето во Виго кај Селта и му „направи“ услуга на Реал Мадрид во трката со шампионската титулата.

По киксот во Виго, Барселона остана прва на табелата со 69 бода, но само еден повеќе од Реал Мадрид кој има и натпревар помалку, тој со Еспањол.

Суарез во 20. минута и донесе водство на Барселона, но на почетокот од вториот дел Смолов израмнува.

Една минута подоцна Барселона бараше пенал но ВАР технологијата одлучи дека нема доволно „материјал“ за удар од белата точка. Но, но 67. минута Суарез на асистенција на Меси ја носи Барселона во предност. И кога се мислеше дека каталонците ги обезбедија трите бода, во 88. минута Иаго Аспас ја совлада Тер Штеген и го стави Реал Мадрид во пол полизција на шампионската титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот