Барса најде начин како да го врати Лионел Меси?!

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

И натаму се шпекулира дека Лионел Меси сака да си замине од ПСЖ, и дека Барселона се обидува да го врати Аргентинецот во своите редови.

Желбата е обострана, но има уште долг пат до реализација на трансферот. Се ближи летниот преоден рок и Меси би можел да го пречека како слободен играч со оглед на тоа што нема намера да ја прифати понудата на ПСЖ за продолжување на соработката со нешто послаби услови.

Но, рацете на Барса во моментов се врзани поради строгите финансиски правила на „Ла Лига“. Неодамна шпанските фудбалски власти ги обвинија Каталонците дека го прекршија финансискиот фер-плеј при ангажманите на тројца играчи во сезоната 2021/2022 и 100% е сигурно дека клубот од „Камп Ноу“ ќе мора да продаде некои играчи за да ослободат простор меѓу платите за Меси.

Според „Ас“, моментно прв на листата за заминување од Барселона е бразилскиот репрезентативец Рафиња, 26-годишниот крилен напаѓач оваа сезона постигна девет гола и даде 10 асистенции, пред Барса да го купи од Лидс за 58 милиони евра. За него се заинтересирани Арсенал, Тотенхем и Њукасл, сите три клуба би сакале да го доведат.

Не толку одамна тренерот на Барселона Чави со одбрани зборови зборуваше за Рафиња. Тој го опиша како иднината на Барселона, рече дека медиумите премногу го критикуваат, но се чини дека наскоро ќе мора да се збогува со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот