Барса е подготвена следното лето да се раздели со тројца фудбалери

фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Според „Спорт.ес“, можно е на крајот од сезоната напаѓачите Ансу Фати и Феран Торес, и крилото Рафиња да ја напуштат Барселона.

Барселона е многу блиску до титулата сезонава во шампионатот на Шпанија, но финансиските проблеми и натаму постојат, на лето повторно ќе започне борбата која мора да ја води претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

Каталонците имаат намера да слушаат понуди за тројцата играчи со цел да соберат средства за големи трансфери во следниот преоден рок.

Во случајот на Фати, клубот ќе размисли за продажба на играчот и покрај неговата желба да остане. Ист е случајот и со Торес кој дојде од Манчестер сити за 55 милиони евра.

Барселона го смета Рафиња за играч кој не може да направи разлика, иако Бразилецот сезонава во „Ла Лига“ запиша шест голови во 25 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот