Барди не размислува за заминување, му порачал на Бјелица дека сака да остане во Трабзон

фото: instagram.com/trabzonspor

Maкедонскиот репрезентативец, Енис Барди кој минатото лето пристигна во турскиот Трабзонспор одржал состанок со актуелниот тренер на тимот, Ненад Бјелица и му соопштил дека сака да остане.

Во претходниот период се најавуваше дека Барди може да замине, се споменуваа неколку клубови, но македонскиот репрезентативец би можел да остане верен на Трабзонс.

Трабзон за Барди плати сум од три милиони евра на Леванте каде што македонскиот репрезентативец помина пет години. Барди претходно се поврзуваше со Жирона од Ш

панија, Торино од Италија, Хал од Англија, ЛА Галакси од МЛС…Се пишуваше и за понуда од неименуван клуб од Саудиска Арабија за позајмица за сума од 300.000 евра.

На споменатиот состанок, Барди на тренерот Бјелица му порачал дека сака и наредната сезона да биде во тимот и да покаже дека заслужува да го носи дресот.

Во Трабзон летово веќе пристигна Мислав Оршиќ, а претходно со овој клуб се поврзуваше и уште еден македонски репрезентативец, Валон Етеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот