Барак Обама во писмо до бившата: Секојдневно водам љубов со мажи во мојата фантазија

Барак Обама / Фото: Profimedia

Поранешниот американски претседател Барак Обама ѝ пишувал на поранешна девојка за својот „андрогин ум“ и за „водењето љубов со мажи секој ден, но во неговата фантазија“, пренесе „Њујорк пост“.

Писмо, старо повеќе од 40 години и испратено до поранешна девојка, неодамна повторно се појави откако биографот на Обама – Дејвид Гароу даде долго и интересно интервју за поранешниот американски претседател.

„Што се однесува до хомосексуалноста, морам да кажам дека верувам дека ова е обид да се тргне некој од сегашноста, одбивање можеби да се овековечи бескрајната фарса на земниот живот. Гледате, јас водам љубов со мажи секој ден, но во мојата фантазија“, ѝ напишал 21-годишниот Обама на својата поранешна девојка Алекс Мекнир во 1982 година.

Мекнир, која била во романтична врска со Обама за време на неговото студирање во Оксидентал во Лос Анџелес, подоцна ги преработи незгодните делови што Гароу, добитник на Пулицерова награда, ги вклучи во својата книга „Rising Star“.

Во моментов, писмото е во сопственост на Универзитетот Емори, кој не дозволува негово фотографирање или отстранување. Така, пријателот на Гароу, Харви Клер, рачно ги препишал пасусите и му ги испратил на авторот.

Обама, татко на две деца, е во брак со сопругата Мишел од 1992 година. Но, Гароу смета дека нема ништо необично во младешкото размислување на Обама.

„Јас сум историчар, а не психолог, но мислам дека е ‘јавна’ вест дека огромното мнозинство луѓе имаат сексуални фантазии!“ изјави тој за „Пост“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот