Банкротот ја стави на лицитација „Адриа Ервејз”

На лицитација ќе се продава лиценцата за летање и работа на словенечкиот авиопревозник „Адриа Ервејз”. Лиценцата на компанијата, која пред неколку месеци прогласи банкрот и беше отворен стечај е понудена со почетна цена од 45.000 евра, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Стечајниот управник на „Адриа Ервејв”, Јанез Пустатичник во меѓувреме изјави дека е многу тешко да се процени пазарната цена на целиот имот на „Ардија”, бидејќи се работело за специфична компанија.

Инаку, според првичните анализи кои ги направиле словенечките власти, фирмирањето на нов авиопревозник не се покажало економски исплатливо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот