Бандите на Хаити се обидуваат да го заземат главниот меѓународен аеродром

Хаити / Фото EPA-EFE/Johnson Sabin

Силно вооружени банди се обидоа да го заземат главниот меѓународен аеродром на Хаити, „Тусен Лувертур“, во престрелка со полицијата и воените единици, во услови на ескалација на насилството во земјата и масовно бегство на затвореници.

Како што јавија странските агенции, од оклопен камион на аеродромската писта е пукано кон бандите во обид да се спречат да влезат во комплексот додека десетици вработени бегале.

Нападот се случи неколку часа откако властите на Хаити воведоа полициски час откако вооружени банди ги зазедоа двата најголеми затвори во земјата и ослободија илјадници затвореници.

Во неделата вечерта беше прогласена 72-часовна вонредна состојба.

Се верува дека бандите контролираат околу 80 отсто од главниот град Порт-о-Пренс. Тие се повеќе ги координираат своите акции и избираат за напади цели, како што е на пример Централната банка.

Минатата недела, американската амбасада соопшти дека ги суспендира сите официјални патувања во земјата. Синоќа ги повика сите американски граѓани да ја напуштат земјата што е можно поскоро. Администрацијата на Џо Бајден, која одби да испрати војници во мултинационалните сили на Хаити, понуди логистичка поддршка за земјата и рече дека со загриженост ја следи нагло влошената безбедносна ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот