Балканска сага: Излезе романот „Јаничари“ на академик Луан Старова

Издавачкиот центар „Три“ го објави романот „Јаничари“ на академик Луан Старова. Во најновиот роман, дваесетта книга од неговата Балканска сага, авторот продолжува да ја следи емигрантската судбина на семејството Старова, која трае од крајот на 19 век практично до денес, во една широка историска рамка од балканските простори. Од судбина на едно семејство, темата за јаничарството станува нов клуч за објаснување на балканските судбини.

Збогатувајќи го светот на својата сага, авторот му поставува нови прашања на нашето време, и во името на тие што заминале и на тие што ќе дојдат. Во својот најнов роман од Балканската сага, која француската книжевна критика ја вбројува во редот на големите европски романи, Старова третира една трајно актуелна проблематика потпирајќи се врз силната ерудиција и романескната драматургија што ја носат двајцата главни ликови. Тие се понесени од идејата вистински толкувајќи го јаничарството во сите појавни облици и во различни времиња, да придонесат за спасување на своите потомци, кои остануваат чувари на идентитетот на својот народ, чувари на човештвото.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 57, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот