Балканот му се поклони на Лазаров: Се пензионира легендата на европскиот ракомет

Кирил Лазаров запишан како еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометот/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Главна ракометна вест во цела Европа е објавата на капитенот и селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, дека става крај на 25-годишната професионална играчка кариера. Пред Лазаров се уште два натпревари во дресот на Нант, едниот во француското првенство, а вториот во финалето на Купот на Франција.

Кирил Лазаров во богата кариера има играно за Овче Поле, Борец Велес, Пелистер, Загреб, Веспрем, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант.
Медиумите од регионот му се поклонија на Кирил Лазаров пренесувајќи дека во пензија си заминува најдобриот македонски ракометар на сите времиња.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот