Бајден со нов лапсус: „Германија ќе ја нападне Украина“?

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Џозеф Бајден направи грешка на прес-конференцијата со германскиот канцелар Олаф Шолц и рече дека „Германија ќе ја нападне Украина“.

„Прво да одговорам на првото прашање. Ако Германија… ако Русија изврши инвазија, ако нејзините тенкови и војници повторно ја преминат границата со Украина, тогаш повеќе нема да има Северен тек 2. Ќе ставиме крај на тоа“, рече Бајден.

Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното зголемување на руските „агресивни дејствија“ во близина на границите на Украина.

Русија негира дека планира да ја нападне Украина, велејќи дека може да ги распореди своите војници каде сака на своја територија.

Во исто време, Москва бара од САД и НАТО проширување на безбедносните гаранции за деескалација на ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот