Бајден останал „запрепастен“ од коментарите на Трамп за Навални

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/ALLISON DINNER

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд КС (к****н син)“ за време на говорот во Сан Франциско, а не штедеше критики ниту за неговиот претходник, Доналд Трамп, откако тој се спореди со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина минатата недела во затвор на Арктикот.

Бајден зборуваше за климатските промени кога рече: „Имаме луд КС како Путин и другите, и секогаш мораме да се грижиме за нуклеарниот конфликт, но егзистенцијалната закана за човештвото е климата“, пренесува Гардијан.

На Бајден и претходно му се случувало да го употреби терминот „к****н син“. Во јануари 2022 година, тој беше фатен како го користи истиот термин за новинар на Фокс Њуз.

Говорејќи во Сан Франциско, како дел од тридневниот замав низ Калифорнија за собирање пари за неговата кампања за реизбор во 2024 година, Бајден исто така рече дека е изненаден од неодамнешните коментари дадени од неговиот веројатен републикански противкандидат.

Трамп ја спореди сомнителната затворска смрт на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални со неговите сопствени правни проблеми во САД. Трамп беше казнет со 350 милиони долари откако судијата во Њујорк откри дека со години лажел за своето богатство на финансиските извештаи во неговите компании. Трамп рече дека пресудата е форма на „комунизам или фашизам“.

„Некои од работите што овој човек ги кажуваше, како што се споредува со Навални и вели дека бидејќи нашата земја станува комунистичка земја, тој е прогонуван, исто како што беше прогонуван Навални. Не знам од каде доаѓа ова. Навистина ме запрепасти“, рече Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот