Бајден најави вакцинирање на стадионите за американски фудбал

epa08995043 US President Joe Biden and First Lady Dr. Jill Biden address the National Football League Super Bowl LV between the Tampa Bay Buccaneers and the Kansas City Chiefs at Raymond James Stadium in Tampa, Florida, USA, 07 February 2021. EPA-EFE/GARY BOGDON

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата администрација има намера да го прифати предлогот на Националната фудбалска лига (НФЛ) за масовна вакцинација против коронавирусот на стадионите на американските фудбалски клубови.

Откако заврши сезоната во НФЛ, лигата понуди да се користат стадионите за масовна вакцинација, а Бајден за Си-Би-Ес Њуз изјави дека ќе му каже на својот тим дека стадионите се достапни и дека верува дека тие ќе бидат искористени за таа цел, пренесуваат британските медиуми.

Седум стадиони во НФЛ веќе се користеа за вакцинирање, а комесарот за НФЛ, Роџер Гудел, на почетокот на оваа недела испрати писмо до Бајден во кое ги нуди и преостанатите 23 стадиони.

Бајден, исто така, изрази надеж и очекување дека натпреварите во НФЛ следната година ќе се играат на стадионите исполнети со навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот