Бајден: Можен е нов напад на аеродромот во Кабул

Обраќање на претседателот на САД Џо Бајден/ EPA-EFE/Stefani Reynolds / POOL

Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изјави дека нов екстремистички напад врз аеродромот во Кабул е можен во следните 24 до 36 часа.

Тој по средбата со воените и безбедносните советници истакна дека ситуацијата и понатаму е „екстремно висока” и оти „нивото на закана од терористички напад останува висока”.

Бајде посочи и дека вчерашниот американски напад врз припадници на Исламска држава нема да биде последен одговор.

– Кажав дека ќе ги гониме одговорните за нападот врз нашите војници и невини цивили во Кабул. Ќе продолжиме да го гониме секој кој е вмешан во тој напад и тие ќе платат за тоа, истакна Бајден.

Американската вчера соопшти дека во нападот со дрон во авганистанската провинција Нангархар загинал двајца припадници на ИД.

Тоа беше прва официјална американска воена операција по самоубиствените напади на авганистанскито огранок на ИД врз аеродромот во Кабул на 26 август, при што загинаа 13 америокански војници и 169 Авганистанци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот