Бајден ќе издаде извршна наредба против еврејските доселеници кои ги напаѓаат Палестинците

Израелски војници обезбедуваат марш на еврејски доселеници низ чаршијата во Хеброн - Фотографија ЕПА, Абдел ал Хашламун

Американскиот претседател Џо Бајден се очекува да издаде извршна наредба против еврејските доселеници кои ги напаѓаат Палестинците на окупираниот Западен Брег, објави Политико, повикувајќи се на документи и американски официјален претставник.

Наредбата се очекува да биде објавена подоцна денеска, според документите и официјален претставник на САД, а се очекува да вклучи и санкции против имигрантите, објави Политико.

Бајден и други високи американски функционери постојано предупредуваа дека Израел мора да дејствува за да го запре насилството на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег.

Нападите таму се зголемија во последните месеци, бидејќи еврејските населби се проширија, а потоа повторно се зголемија по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Во декември, САД го забранија издавањето визи за луѓето вклучени во насилството на Западниот Брег, окупиран од Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот