Австрија укинува гранични контроли кон сите соседи, освен Италија

Австрија денеска ги укинува граничните контроли кон сите соседи, освен кон Италија, најави министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.

На вчерашната прес-конференција тој соопшти дека од денеска ќе бидат укинати граничните и здравствените контроли кон Германија, Лихтенштајн, Швајцарија, Словачка, Словенија, Чешка и Унгарија.

Лицата кои доаѓаат или се враќаат од овие седум земји веќе не подлежат на двонеделен карантин или негативен ПЦР тест.

За Италија, Шаленберг изјави дека остануваат ограничувањата и ситуацијата ќе биде повторно анализирана следната недела.

Тој, исто така, кажа дека е очигледно дека ситуацијата во Италија се  подобрува и дека некои региони, како Јужен Тирол, повторно имаат добри Ковид-19 резултати.

Најави и дека ќе го разгледа предлогот од Болцано, според кој Австрија може да се отвори за одредени италијански региони.

Тој рече дека целта е да се отворат границите кон Италија, штом бројките тоа го дозволат.

Што се однесува до таканаречените трети земји, Шаленберг рече дека се залага за заедничко европско решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот