Австралиското Министерство за здравство го запре рекламирањето на Фејсбук

unsplash

Австралиското Министерство за здравство соопшти дека веќе нема да објавува реклами на Фејсбук, како свој одговор на тоа што беа блокирани вестите минатата недела.

Ова се случува кога Австралија почнува кампања за вакцинација против Ковид-19, за чија промоција владата вложи околу 16,5 милиони евра.

„Сите наши средства ќе бидат искористени“, рече Грег Хан, министер за здравство на Австралија, и додаде дека министерството ќе продолжи да објавува други информации преку Фејсбук, но нема да ги користи за рекламирање.

Фејсбук минатата недела ги  блокираше вестите поради предлогот на валада да се воведе нов  закон со кој технолошките гиганти треба да им плаќаат на медиумите за пренесување на нивната содржина.

Предлог-законот неделава треба да биде доставен до парламентот. Фејсбук, сепак, ќе продолжи да преговара со медиумски групи во Австралија и со владата во обид да се најде решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот