Австралија Опен и оваа година без Ник Кирјос

Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Втора година во низа Ник Кирјос нема да учествува на Австралија Опен.

Кирјос не се најде на официјалниот список на учесници, а подоцна и самиот потврди дека нема да настапи во Мелбурн.

Поради проблемите со повредите Кирјос во 2023 година одигра само еден натпревар и тоа во Штутгарт против Јибинг Ву во кој беше поразен.

Зад себе Кирјос има одлична 2022 година во која стигна до финалето на Вимблдон и го освои Австралија Опен во двојки заедно со Танасис Кокинакис, но потоа се соочи со проблеми со повредите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот