АВМУ го осуди нападот на новинарската екипа на ТВ 24 Вести

АВМУ. / Фото: Архива на Слободен печат

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот вербален напад на новинарка и снимател од ТВ 24 Вести од непознато лице, за време на партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ.

„Агенцијата веќе неколкупати досега, реагираше за ваквите случаи и повторно потсетува дека напад врз новинарите од кој било вид е апсолутно неприфатлив и дека новинарските работници не смеат да бидат попречувани во вршењето на нивните професионални задачи. Воедно, безбедноста на новинарите не смее да биде загрозена во ниту еден момент ниту пак правото на граѓаните да бидат информирани, особено за важни општествено – политички случувања како што се изборите“, се вели во соопштениеот на АВМУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот