Авганистански цивили загинале во напади на пакистанските сили во близина на границата

Авганистанки во Кабул / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Најмалку седум авганистански цивили, вклучително и деца, се убиени во воздушни напади на пакистанските сили и артилериско гранатирање долж границата меѓу Авганистан и Пакистан, соопштија денеска локалните авганистански власти.

Нападите биле извршени во текот на ноќта во источните авганистански провинции Кунар и Хост.

Во Кунар, пакистанските сили со тешка артилерија ги гранатираа областите Марвара, Шелтон и Нари во последните три дена, изјави за ДПА провинцискиот шеф на талибанскиот оддел за информации и култура Наџибула Ханиф.

Вкупно пет цивили, меѓу кои и деца, се убиени, а еден е ранет во текот на ноќта, рече тој.

Во Хост, друг талибански функционер, кој сакал да не биде именуван, рече дека пакистанските воздушни сили бомбардирале четири села во областа Сперах во текот на ноќта, при што загинале најмалку двајца цивили.

Други извештаи укажуваат на поголем број на загинати во воздушните напади.

Исламабад не потврди дали ги извршил нападите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот